Изненадување во Премиер лигата: Хит тренерот утре за последен пат ќе го води Брајтон

Италијанскиот тренер, Роберто де Зерби, утре за последен пат ќе биде на клупата на Брајтон. Ваквата вест беше вистинско изненадување попладнево на Островот, бидејќи 44-годишниот тренер неодамна ја одби понудата од Баерн Минхен и најави дека останува на клупата на Брајтон.

Де Зерби има договор со Брајтон до 2026-тата година и разделбата доаѓа во неочекуван момент, а не е познато дали тренерот летово ќе има нов клуб, па затоа си заминува. Сепак, сосема извесно е дека Роберто де Зерби наредната сезона ќе води далеку поголем клуб од десеттопласирниот Брајтон.

Последниот натпревар на Де Зерби на клупата на Брајтон ќе биде оној утрешниот против Манчестер јунајтед на домашен терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести