Фенербахче го „попари“ Галатасарај, последното коло ќе решава кој ќе биде шампион

Со голот на Чаглар Сојунџу, екипата на Фенербахче како гостин го победи Галатасарај со 1-0, и последното коло ќе решава кој да биде првак на Турција.

Ова е јуначка победа на Фенербахче кој спречи шампионско славје на Галата, и тоа на меч на кој од 22-ра минута имаа човек помалку на теренот.

Галатасарај и понатаму е поблиску до титулата, има три бода повеќе, доволно им е и реми на гости со Коњаспор во последното коло, но ќе им остане неисполнета желбата да слават титула против Фенербахче.

- Оглас -

Најнови вести