Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е нов голман на Валенсија. Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо, кој е експерт за трансфери на фудбалерите во Европа.
Димитриевски потпишал четиригодишен договор со Валенсија, кој го обврзува да остане на „Местаља“ до 2028 година. Столе ќе дојде на местото на Мамардашвили, кој летово се очекува да направи трансфер во Атлетико Мадрид или Њукасл.
Цели шест сезони Димитриевски бранеше за Рајо Валјекано, а сезонава посебно блесна и дури на 13 меча ја сочува мрежата незатресена. Во Валенсија доаѓа како слободен играч.