Дали Италијанците во последното коло ќе одиграат по мерка за да имаат шест екипи во ЛШ

Во следната сезона во Лигата на шампионите речиси сигурно е дека Италија ќе има шест екипи, но мора неколку резултати да испаднат по мерка.

Аталанта со победата над Баер Леверкузен од 3:0 во финалето во Лигата на Европа, си обезбеди пласман во ЛШ, а згора на тоа ја отвори вратата за шести тим во елитното клупско натпреварување и тоа треба да биде Рома.

За Римската волчица да игра во ЛШ следната сезона, Аталанта не смее да заврши меѓу првите четири екипи, односно да остане петта. Аталанта во пресрет на последното коло, се наоѓа на петтото место со 66 бода, два помалку од Јувентус и Болоња кои се трети и четврти.

Аталанта во последното коло ќе игра против Торино на домашен терен, додека Рома не смее да загуби на гостувањето кај Емполи.

Јувентус во последното коло ќе игра против Монца, додека Болоња и гостува на Џенова.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести