Ѕвездата на Далас маверикс, Лука Дончиќ, наскоро ќе го потпише најголемиот договор во историјата на НБА-лигата.
Бидејќи две години по ред (оваа и минатата) Дончиќ беше избран во најдобрата петорка во регуларниот дел од сезоната, го исполни последниот услов за идната година да го потпише најголемиот договор во историјата на НБА, објави новинарот на ЕСПН, Боби Маркс.
Новиот петгодишен договор на Дончиќ ќе му донесе 346.338.300 долари или во просек би заработувал по 69,2 милиони долари по сезона.
Luka Doncic is now eligible to sign a super max extension in the 2025 offseason.
The extension is the largest contract in NBA history. pic.twitter.com/GBNUsABHH4
— Bobby Marks (@BobbyMarks42) May 22, 2024
Покрај Дончиќ, супермаксимален договор ќе добие и кошаркарот на Оклахома сити тандерс, Шеј Гилџес-Александер кој за четири години ќе инкасира околу 295 милиони долари.
Моментно најголемиот договор во НБА-лигата го има бекот на Бостон селтикс, Џејлен Браун кој минатата година потпиша петгодишен договор вреден 300 милиони долари.