Вицешампионот на Италија, Милан, е во потрага по тренер за следната сезона, откако Стефано Пиоли после пет години си замина од Милано. „Црвено-црните“ завршија на втората позиција во Серија А со 19 поени помалку од новиот шампион, нивниот градски ривал, Интер.
Во Италија како најсериозен кандидат се смета португалскиот тренер кој во моментов е на клупата на француски Лил, Пауло Фонсека, но легендата на клубот, Златан Ибрахимовиќ, со објава на социјалните мрежи ги збуни сите.
Тој на мрежата Инстаграм објави своја фотографија на која пишуваше 4-3-3, а тоа беше протолкувано дека нов тренер на Милан ќе биде токму фаворитот на славниот швеѓанец, Марко ван Бомел. Токму холандските тренери негуваат напаѓачки фудбал и ја користата формацијата 4-3-3, па нема да биде изненадување доколку токму Ван Бомел биде новиот тренер на Милан, а не фаворитот Фонсека.