Екипата на Лестер имаше фантастична сезона зад себе и како прва во Чемпионшип дивизијата следната сезона ќе игра во Премиер лигата. Сепак, најавите за враќањето во најквалитетната англиска фудбалска лига не се позитивни за поранешниот шампион на Англија.
Лестер летово ќе остане без тренерот кој ги внесе во Премиер лигата, Енцо Мареска, кој е најавен како нов тренер на Челзи иако се чека официјална потврда од „Стемфорд бриџ“.
Она што во моментов повеќе ги вознемирува е најавената казна со одземање бодови поради кршење на финансискиот ферплеј. Британскиот „Телеграф“ најавува казна помеѓу шест и 15 бода, што ќе биде вистински предизивик да се избегне испаѓањето од Премиер лигата во првата сезона по враќањето.
Најголемата казна во историјата на Премиер лигата ја доби Портсмут во сезоната 2009/10, кога му беа одземени девет бода.