Интер Мајами ги разочара домашните навивачи откако неочекувано загуби од Атланта со 1:3 во меч од 17 коло на МЛС шампионатот. И покрај поразот Интер Мајами останува на првото место со 34 бодови, а Атланта со овој триумф се искачи на 12-тата позиција со 16 бодови, односно дури 18 помалку од лидерот Интер Мајами.
За Атланта ова беше прва победа на гостински терен сезонава, а беше најавена со двата гола на Саба Лобјанидзе. Грузискиот интернационалец погодуваше пред крајот на првото полувреме и почетокот на вториот дел за предност на гостите од 2:0.
https://twitter.com/i/status/1795976571817193626
Во 62-рата минута Лионел Меси доби една топка од Серхио Бускетс и со прецизен шут од околу 20 метри погоди за намалување на 1:2.
MESSI GOALS ARE INEVITABLE 🐐
Leo strikes for his 11th goal of the season! pic.twitter.com/FDsu4RZMYm
— Major League Soccer (@MLS) May 30, 2024
Се очекуваше тоа да биде гол со којшто ќе се најави пресвртот на Интер Мајами, но се случи спротивното. Атланта постигна и трет погодок и ги сруши сите надежи на домашниот тим.