Тудор си даде отказ во Лацио по неполни три месеци откако стана нивен тренер

Хрватот Игор Тудор веќе не е тренер на Лацио откако си поднесе оставка по неполни три месеци откако го презеде кормилото.

Престојот кај Орлите му беше краток, но бурен, Тудор се скара и со дел од играчите и со навивачите, а имал и различни идеи со управата околу потребните засилувања и кои фудбалери треба да си одат.

Се очекува Тудор официјално да ја образложи својата оставка на прес-конференција в петок.

Марко Барони, кој ја водеше Верона, се спомнува како фаворит за нов тренер на Лацијалите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести