Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, виде позитивна работа после поразот на домашен терен од Исланд 0-1 во последниот пријателски натпревар пред заминувањето на Европско првенство во Германија.
„Очигледно е дека тоа беше разочарувачка игра, не покажавме доволно карактер, но мислам дека тоа е добро за нас и овој натпревар ќе ни помогне пред одењето на Европско првенство. Мислам дека треба да бидеме подобри без топката. Не го искористивме целиот состав на ниту еден од последните два натпревари, но можевме да научиме нешто за тоа колку е избалансиран нашиот тим. Нема оправдувања за резултатот, но има работи што можеме брзо да ги поправиме“, рече Саутгејт.
Инаку, Англија имаше само еден шут во рамките на голот на Исланд, за првпат по 1968 го загуби последниот меч пред одење на некое големо натпреварување, и првпат во последните 70 години врза три меча поред без победа на „Вембли“.
На 16-ти јуни Англија ќе игра против Србија во првото коло од групната фаза на ЕП 2024, но ако играат како против Исланд, црно им се пишува на едни од главните фаворити за европската титула.
Сепак, можеби синоќа премногу мислеа на ЕП и се штедеа, а треба да се знае и дека без некомплетни, не играше еден од нивните главни адути, Џуд Белингам.