Модриќ се сретна со Мурињо: Засекогаш благодарен!

Лука Модриќ им се приклучи на колегите од хрватската репрезентација пред вечерашното гостување кај Португалија, и објави фотографии од средбата со Жозе Мурињо, португалскиот тренер кој го донесе Лука во Реал Мадрид во 2012 година.

Мурињо ја пречека хрватската репрезентација во нивниот хотел, а најголем дел од времето разговараше со капитенот Лука Модриќ, како и со голманот Доминик Ливаковиќ со кој ќе соработува во Фенербахче.

Модриќ за средбата ги извести своите следбеници на социјалните мрежи. Објавата на Инстаграм има околу еден милион лајкови.

„Господине, секогаш е задоволство да те гледам! Засекогаш благодарен! Специјален и вистински Реален!“, напиша Модриќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести