Ибрахимовиќ: Пред 25 години кажав дека ќе бидам најдобар на сите времиња, и еве сум, успеав!

Златан Ибрахимовиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите напаѓачи во историјата, и како еден од најсамобендисаните фудбалери, а Швеѓанецот и се прости во таков стил, со изјава дека е најдобар на сите времиња.

„Пред 25 години реков дека ќе бидам најдобар од сите. Многу луѓе се смееја. Еве, 25 години подоцна можам да стојам овде и да кажам дека сум најдобар на сите времиња“, рече Ибрахимовиќ кој во својата кариера играше за клубовите Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.

Златан на помладите им порача да сонуваат големи нешта.

„Јас сум жив доказ дека ништо не е невозможно, без разлика од каде доаѓате“, рече Ибрахимовиќ со микрофонот во рака и пред публиката во Стокхолм.

Тој имаше тешко детство во кое флертуваше со криминалот (крадеше велосипеди, знаеше да отвора брави без клуч…), но фудбалот му го исправи курсот.

„Јас сум најкомплетниот играч на сите времиња, не може да биде подобро од ова. И не се шегувам, сериозен сум. Разликата меѓу мене и другите е што другите се добри во нешто, јас бев добар во сите елементи. Голот против Англија е најубавиот гол во историјата. Не го велам тоа само затоа што јас го направив тоа. Нема друг кој постигнал гол на овој начин. Мислам дека тоа нема да се повтори. Кој би помислил да шутне така во оваа ситуација. Секој тренер и играч би рекол да ја смирам топката, водиме, треба да се троши време. Јас мислев на ножичките и 20 метри надвор од шеснаесетникот и успеав. Против Англија“, раскажува Ибра.

 

- Оглас -

Најнови вести