На стадионот на Челзи во Лондон се игра познатиот хуманитарен фудбалски натпревар „Soccer Aid“, на кој традиционално настапуваат некогашни фудбалски ѕвезди, популарни уметници, спортисти, и познати личности.
Во тимот на светот е и некогашната ѕвезда на Челзи, Еден Азар, кој на радост на публиката, постигна гол од слободен удар и потсети на своите наблескави денови во дресот на Сините. Голот на Белгиецот може да го погледнете ТУКА.