Најбрзиот човек на светот се повреди на фудбалски меч, го изнесоа на носилки!

На хуманитарниот фудбалски натпревар Soccer Aid за помош на организацијата УНИЦЕФ, на кој традиционално настапуваат фудбалски ѕвезди, популарни уметници и познати личности, настапи и легендарниот спринтер Усеин Болт, а светскиот рекордер на 100 и 200 метри средбата на „Стемфорд бриџ“ во Лондон ќе ја памети по лошо.

Јамајканецот кој има 37 години, ја повреди десната нога, по што на носилки беше изнесен од теренот, а ногата му беше имобилизирана. Не се знае каква е повредата на Болт, но некое време нема да може ни рекреативно да игра фудбал.

- Оглас -

Најнови вести