Тежок удар за Леверкузен: Капитенот на Баер ќе направи трансфер во Баерн Минхен

Актуелниот освојувач на двојната германска круна, Баер Леверкузен, за следната сезона останува без својот капитен. Џонатан Та веќе ги договорил личните услови со Баерн Минхен и следната сезона ќе настапува во Баварија, а останува само уште екипите да ја договорат висината на обесштетувањето.

Според германските медиуми, Баерн Минхен за услугите на Та ќе плати околу 40 милиони евра, а дел од овие средства може да бидат потрошени за откуп на договорот на Јосип Станишиќ, кој минатата сезона како позајмен настапуваше за Баер Леверкузен. Сепак, договорот помеѓу клубовите може да го вклучи и Станишиќ, па сумата која ќе ја добијат Фармацевтите“ да биде и помала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести