Столе облечен во клупските бои на Валенсија, дојде на рутинскиот лекарски преглед

Столе Димитриевски откако ноќта ја помина во хотел, утрово во 9 часот пристигна во болницата ИМЕД во Валенсија за да ги направи потребните медицински тестови пред да го потпише свокот договор со клубот Валенсија.

Македонскиот голман кој денеска треба да потпише двегодишен договор со Лилјаците, беше придружуван од член на одделот за комуникации на клубот, а Столе кој имаше насмевка на лицето, предизвика внимание и со тоа што беше облечен во бело и црно, клупските бои на Валенсија.

Димитриевски во Валенсија доаѓа како слободен агент, и неговото привлекување е стратешко, објавуваат шпанските медиуми. Каква ќе биде улогата на Столе, ќе зависи од тоа како ќе се развива ситуацијата со Грузиецот Георги Мамардашвили.

Доколку Грузиецот си замине, Столе ќе биде стартен голман на Валенсија во сезоната 2024/25. Ако Мамардашвили остане, тогаш кумановецот ќе треба да се бори за стартното место и барем на почетокот на сезоната веројатно ќе биде резерва.

- Оглас -

Најнови вести