Турција и Грузија играат нерешено 1:1 по првото полувреме во меч од првото коло на групата Ф од Европското првенство. Турците одлично започнаа и прво ја погодија стативата, а потоа со прекрасниот погодок на Мулдер поведоа со 1:0 во 25 минута.
Само две минути подоцна Турција постигна и втор погодок, но тој беше поништен поради минимален офсајд.
Грузија која е дебитант на ЕП покажа дека психички е добро подготвена селекција и брзо се врати во игра. Се играше 32 минута кога Микаутадзе успеа да постигне гол. Тоа е историски прв погодок за Грузија на едно големо натпреварување.