Репрезентациите на Португалија и Чешка се првите на ова Европско првенство кои одиграа без голови после првите 45 минути. На сите 11 претходни натпревари беше постигнуван барем по еден гол во првото полувреме.
Португалија е подобар противник, притиска кон противничкиот гол, но чесите успешно се бранат и преку брзи противнапади се обидуваат да го загрозат потугалскиот гол. Најубавата шанса ја имаше Кристијано Роналдо, кој откако излезе очи во очи со противничкиот голман, не успеа да реализира, односно голманот на Чешка беше поуспешен.
На овој натпревар освен Кристијано Роналдо, во историјата на евопските првенства влезе и Пепе, кој стана највозрасниот фудбалер кој настапил. Португалецот со 41 години и 113 дена го надмина рекордот на легендарниот унгарски голман, Габор Кирали, кој беше рекордер со 40 години и 86 дена.