Реал Мадрид го пронајде наследникот на Тони Крос

Реал Мадрид ќе ја започне сезоната 2024/25 без Тони Крос, кој неодамна објави дека ќе се повлече од професионалниот фудбал по Европското првенство.

Крос повеќе од десет години беше еден од клучните играчи на Реал, но германскиот репрезентативец одлучи дека е време за пензија, давајќи им можност на помладите играчи да го заземат неговото место.

Долго време се шпекулира кој ќе го пополни средниот ред на „кралскиот клуб“. Младиот Флоријан Вирц се смета за потенцијален наследник на Крос, но ѕвездата на Баер Леверкузен нема да пристигне пред летото 2025 година, бидејќи веќе најави дека ќе остане уште една сезона во Германија.

Флорентино Перез сака уште ова лето да доведе играч кој ќе го пополни средниот ред, а според пишувањата на „Газета дело Спорт“, најблиску до Мадрид е францускиот репрезентативец Адриен Рабио.

На Рабио договорот му истекува на 30 јуни и сè уште нема донесено одлука за својата иднина. Минатото лето беше во слична ситуација, но потпиша нов едногодишен договор со Јувентус, па сега повторно ги држи фановите на „старата дама“ и сите други во неизвесност додека ги проценува своите опции.

Италијанскиот весник смета дека Перез е одлучен да го донесе Рабио, 29-годишниот фудбалер на Јувентус, а евентуалното заминување на Дани Себалјос само би ја забрзало оваа операција.

Рабио пристигна во Јувентус како слободен играч од ПСЖ во летото 2019 година. Има 43 настапи за Франција и дури 24 трофеи во својата кариера. Тој е дел од селекцијата на Франција и на ова Европско првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести