Италијанскиот евролигаш Олимпија Армани Милано постигна двегодишен договор со македонскиот кошаркар Нено Димитријевиќ.
„Многу сум среќен и благодарен што сега сум дел од овој историски клуб. Возбуден сум поради можноста да бидам дел од историјата на клубот и ќе се обидам да му помогнам на тимот да освои се надевам важни трофеи. Едвај чекам да започнам“, рече Нено.
Димитријевиќ се пресели во Шпанија од 2016 до 2021 година играше за Хувентуд Бадалона и Валенсија. Во 2022 година замина во Уникс Казан, а сега ќе дебитира во Евролигата и тоа за актуелниот италијански и некогашен трикратен европски првак.