Многу емоции имаше кај Лука Модриќ по синоќешниот дуел против Италија кој заврши 1:1. Модриќ прво беше лут сам на себе што не даде гол од пенал, но непона минута подоцна погоди од игра. Сепак тој го не беше доволен за Хрватска да победи затоа што Италија со погодок во 98 минута стигна до 1:1, резултат кој воопшто не одговараше за Хрватска.
По мечот, на прес конференцијата, Модриќ беше многу разочаран, се до моментот кога еден италијански новинар реши да го каже тоа што сигирно сите искени љубители на фудбалот го мислат.
„Лука добровечер од италијански новинар. Сакам да ви се заблагодарам на се што направивте не само вечерва, туку во текот на целата кариера. Уште еднаш го напуштивте теренот како играч од врвна класа. Промашивте пенал, но веднаш потоа дадовте гол. Сакам никогаш да не одите во пензија, бидејќи сте еден од најдобрите фудбалери кои сум ги коментирал. Ви благодарам“, рече италијанскиот новинар.
Потоа следуваше аплауз од сите кои беа на прес-конференцијата и секако одговор од Модриќ.
„Ви благодарам. Ви благодарам од дното на срцето за овие преубави зборови. И јас би сакал засекогаш да играм фудбал, но ќе дојде времето кога ќе мора да ги ставам копачките на клин. Уште ќе играм, не знам до кога, но ви благодарам на прекрасните зборови“, беше одговорот од Модриќ.
Ова видео кое го постираше ББЦ и тоа после полноќ, веќе има над 1,5 милиони прегледи.
This was a truly beautiful moment in the post-match press conference ❤️#BBCEuros #Euro2024 #CROITA pic.twitter.com/K8VowAgm7m
— BBC Sport (@BBCSport) June 24, 2024