Словенците со три нерешени влегоа во нокаут фазата на ЕП, Португалија на таков начин стана и првак!

Репрезентацијата на Словенија ниту победи, ниту загуби во групната фаза на Европското првенство во Германија, трите ремија против фаворитите Данска, Србија и Англија, им беа доволно за освојување на третото место во својата група, и место во осминафиналето.

Словенците уште не знаат против кого ќе се сретнат во осминафиналето. Можно е да налетаат на Португалија, но можно е и нивен противник да биде првопласираниот од групата во која се Романија, Белгија, Словачка и Украина.

Инаку, Португалија во 2016 година кога стана европски првак, истотака со три бода и три ремија влезе во втората фаза, па отиде до крај. Португалија на цел тој шампионат имаше само една победа во 90 минути, но ќе се памети титулата, така што нема кој да им замери на Словенците, тие остварија за нив историски успех.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести