Основачот на грузиската владеачка партија и некогашен премиер на Грузија, Бидзин Иванишвили најави дека ќе подари 30 милијарди грузиски лари (10 милиони евра) за фудбалската репрезентација која испишува историја на ЕП.
Грузија синоќа со 2:0 ја победи Португалија и тоа беше доволно да обезбеди место во осминафиналето на дебитантскиот настап на ЕП. Следен предизвик за грузија ќе биде дуелот против Шпанија.
Партијата Грузиски сон преку соопштение ја честиташе победата и откри дека милијардерот Иванишвили ветил дека ќе обезбеди пари за да се награди овој историски успех.
Иванишвили чие богатство се проценува на 4,5 милијарди евра, најавил дека ќе даде и дополнителни 30 милиони грузиски лари, доколку Грузија успее во осминафиналето да ја елиминира Шпанија.