Шпанија и Грузија ја сочинуваат една од осумте осминафинални двојки на Европското првенство во Германија, а пред девет месеци некој да кажеше дека ќе се случи тоа, ќе му се изнасмееја.
Шпанците и Грузијците беа во иста група во квалификациите за ЕВРО 2024, а на нивниот прв меѓусебен дуел на 8-ми септември во Тбилиси, Црвената фурија ги прегази Грузијците со 7-1. Два месеци подоцна овие селекции се сретнаа и во Валјадолид, тогаш Шпанија победи со 3-1.
Сега в недела на 30-ти јуни, пак ќе има меч помеѓу Грузија и Шпанија, овојпат во Келн, во осминафинале на ЕП. Шпанија е голем фаворит, но Грузија со победата над Португалија покажа дека е многу опасен тим кој не се предава против никого, а ќе имаат и мотив плус да докажат дека оние 1-7 од пред девет месеци биле случајни, не вистински одраз на разликата во квалитет помеѓу тимовите.