Најдобро е да се игра на голови на мечевите од Финска, Норвешка, Грузија и Р. Ирска

2701 Интер Турку – ВПС (17 ч.)

Интер Турку лошо го започна првенството на Финска и има само 12 бодови од 13 меча и е во долниот дел од табелата. ВПС има само два порази во 13 дуели, а на негова страна е и традицијата. Во последните шест средби против Интер Турку има четири победи и две нерешени, а најчесто има два или повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)

 

3583 Динамо Батсуми – Торпедо Кутаиси (19 ч.)

Екипата на Торпедо е во одлична форма и има осум победи и пет нерешени во последните 13 средби кои ги одигра. Сосема поинаква е формата на Динамо кој во последните девет дуели има само две победи, дури четири порази и три реми.

Сепак, ова е дуел од полуфинале на Супер купот и влогот е поголем, па сигурно двата тима ќе атакуваат на победа и пласман во финалето.

Предлог тип: Х2&0-3 (2.03)

 

1279 Дери Сити – Дрогеда (20:45 ч.)

Дери сити е во трка за титулата и никако не смее да си дозволи кикс пред своите навивачи посебно против екипа која е на дното на табелата. Дрогеда има само 16 бодови од 21натпревар и ја има најлошата одбрана (37 примени гола).

Дери Сити уште од самиот почеток ќе тргне силовито и ќе се обиде да го реши мечот на кој е апсолутен фаворит.

Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.40)

 

1278 Шелбурн – Галвеј (20:45 ч.)

Ова е дуел на двете екипи со најдобри одбрани во првенството на Ирска. Звучи необично, но Галвеј на 16 од 18-те меча во првенството одигра со не повеќе од два гола. Сега, гостувањето кај Шелбурн кој е лидер на табелата ќќе биде вистински предизвик за гостите.

И традицијата меѓу овие два тима најавува дека не треба да се чекаат многу погодоци, затоа што на последните четири дуели имало повеќе од два гола.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.82)

 

2504 Бран – Стромгасет (19 ч.)

Бран ја има улогата на фаворит не само затоа што игра на свој терен туку и затоа што е во борба за првото место со Бодо/Глимт. Во првенството на Норвешка најчесто се игра без многу калкулации, погодоците треба да се гаранција. На шест од последните девет дуели на овие два тима имало барем по три погодоци.

Предлог тип: ГГ3+ (1.73)

- Оглас -

Најнови вести