Страшна сцена, земјата „проголта“ голем дел од фудбалско игралиште (Фото+Видео)

Во американскиот град Алтон, во сојузната држава Илиноис, дојде до уривање на тлото во паркот Гордон Мур и направена е дупка широка околу 30 метри која го проголта рефлекторот на фудбалското игралиште.

Во моментот на колапсот немало никој на теренот, настанот се случил рано наутро и тоа е среќната околност. Сето тоа е снимено, а како причина за ова се спомнува рудник кој се наоѓа под теренот. Денеска има фотографии сликани од висина, од дрон, кои покажуваат колкава е дупката.

Директорот на градскиот Оддел за паркови и рекреација, Мајкл Хејнс, го коментираше настанот:

„Беше надреално, како во филмовите каде што тлото едноставно исчезнува под тебе. Рудниците се во оваа област со децении. Ќе почекаме додека крај на истрагата“, рече Хејнс, откривајќи дека фудбалските терени во паркот се изградени во 2019 година.

Погледнете ја снимката и моментот на создавање на огромниот кратер:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести