Челзи го официјализира трансферот на младиот напачач Марк Гују, кој доаѓа од Барселона. Гују, кој сезонава имаше неколку настапи за Барса, со Сините од Лондон потпиша договор на пет години.
„Од дете сонував да играм во Премиер лигата. Ми носи огромна радост што потпишав за Челзи. Се борев да заспијам минатата ноќ пред патувањето овде бидејќи бев многу возбуден. На лично ниво, сакам да му помогнам на тимот колку што можам со постигнување многу голови и сакам да станам најдобриот центарфор во светот“, изјави Гују.
Вест која ги интересира фановите на Челзи дојде и од Бирмингам. Нов член на Астон вила стана некогашниот играч на Челзи, 30-годишниот Рос Баркли. За Баркли, кој има и 33 настапи за селекцијата на Англија, преминот во Вила е враќање таму каде што играше како позајмен од Челзи во сезоната 2020/2021.
Во минатата сезона Баркли го носеше дресот на Лутон.