Мицевски: Кога во Вардар сѐ е средено, тогаш цели на освојување титули

Македонскиот фудбалски бренд Вардар стартуваше со подготовките во базата во Хиподром, а на првиот тренинг покрај новото засилување Филип Најдовски, уште еден добро познат лик.

Капитенот Дарко Мицевски се враќа во ритам по повредата и се очекува да биде предводник на тимот во новата сезона.

„Реално, малку доцниме, но се надевам дека ќе стигнеме да бидеме подготвени домпочетпкот на сезоната. Веруваме дека клубот ќе оди во вистинска насока, кога во Вардар е сѐ средено се знае дека Вардар цели на највисок пласман. Амбициите се секогаш највисоки амбиции, тоа се титулите во првенството и во Купот и излез во Европа. Поминав неколку месеци во период на рехабилитација, а очекувам уште долго време да бидам во Вардар и да го давам најдоброто за клубот“, изјави капитенот Дарко Мицевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести