Шпанија е првиот полуфиналист на Европското првенство, откако во драматичен меч кој траеше 120 минути, со 2:1 го елиминираше домаќинот Германија. По првото полувреме немаше погодоци, а потоа на стартот од вториот дел, Шпанија прва се израдува.
Дани Олмо реализираше по асистенција на Јамал за 1:0 за Црвената фурија.
Германија потоа тргна офанзивно да израмни. Панцерите имаа неколку неискористени шанси, но потоа во 89 минута Вирц донесе радост за домашните фанови кога израмни на 1:1 и обезбеди продолжение од 30 минути.
Во дополнителните 30 минути делуваше дека ќе биде мирно. Двете селекции делуваа резервирано, но кога се очекуваше да остане 1:1, кога во 119 минута Дани Олмо центрираше, а Микел Мерино кој влезе како резерва, погоди за глава за 2:1. Овој гол се покажа како клучен за победа и пласман на Шпанија во полуфиналето на ЕП.