Поразот на Германија значеше и крај за еден фудбалски виртуоз, Тони Крос замина во пензија!

Светскиот фудбал од денеска останува посиромашен за еден фудбалски виртуоз. Тони Крос замина во пензија. Германскиот репрезентативец уште пред почетокот на ЕП најави дека ова ќе биде негов последен настап, не само на големо натпреварување, туку воопшто во фудбалската кариера.

Крос не успеа да ја заокружи пребогатата кариера со европска титула со Германија, но си змаинува како првак на Шпанија и актуелен европски владетел со Реал Мадрид.

Иако има само 34 години, Крос реши дека е доста, дека во зенитот на неговата форма е време да каже „крај“. Пребогата беше неговата кариера. одигра 832 натпревари, постигна 80 погодоци, а беше креатор за уште стотина голови.

За само три клуба настапуваше Крос во кариерата. Започна во Баерн Минхен, а една сезона одигра во дресот на Баер Леверкузен како позајмен играч. Во 2014 година направи трансфер во Реал Мадрид и 10 години блескаше во дресот на Кралскиот клуб.

Летово реши дека е време да каже збогум на фудбалот и поразот на Германија од Шпанија значеше крај за фудалската кариера на Тони Крос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести