Го прашаа Ибрахимовиќ кој е подобар, Меси или Роналдо: „Сакаш да бидам сериозен?“

Легендата на Милан, но и на светскиот фудбал, Златан Ибрахимовиќ, гостуваше во поткаст на социјалните мрежи. Меѓу многуте прашања, доби и едно незгодно и требаше да каже кој е подобар фудбалер, Лионел Меси или Кристијано Роналдо.

Сепак, Златан не би бил Златан доколку не одговори во свој стил.

„Златан“ – без двоумење одговори Ибрахимовиќ, на што водителот направи гримаса, а Швеѓанецот со балкански корени продолжи: „Сакаш да бидам сериозен? Златан е најдобриот“.

- Оглас -

Најнови вести