Воткинс: Се колнам во децата, му реков на Палмер дека тој ќе асистира, а јас ќе дадам гол!

Оли Воткинс ја одведе Англија во финалето на Европското првенство со гол во 90-тата минута за победа против Холандија со 2-1. Напаѓачот на Астон вила влезе во игра само десет минути претходно, менувајќи го Хари Кејн, и постигна извонреден гол.

Тој одлично беше проигран од Кол Палмер и додека на грб му беше Стефан де Вреј, со одличен удар ја провлече топката низ нозете на својот чувар и го погоди голот, што донесе голема радост за цела Англија.

„Го чекав овој момент со недели. Потребно е многу напорна работа за да стигнеш тука каде што сум јас денес. Воодушевен сум. Се колнам во мојот живот и во животите на моите деца, му реков порано денес на Кол Палмер дека ќе влеземе во игра и дека тој ќе ми асистира за гол. Тоа и се случи. Кога видов дека влегува, тоа беше најдобриот момент и сѐ стана реалност“, изјави Воткинс.

„Имаше многу критики на наша сметка, но ние сме во финалето и тоа е сè што е важно. Имаме карактер да се вратиме дури и кога имаме пад во играта. Се чини дека влегуваме во брзина само кога сме во негатива. Победуваме на пенали и се враќаме од негатива“, истакна стрелецот на победничкиот гол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести