Шпанскиот тенисер, Карлос Алкарас, е првиот финалист на Вимблдон, откако со пресврт го совлада Данил Медведев со 3-1.
Рускиот тенисер се закани во првиот сет, кој го доби дури во тај-брејк со 7-4, откако и двајцата тенисери загубија по два сервиса. Во продолжение од мечот следуваше доминација на Алкарас, кој ги доби следните три сета со 6-3 и двапати со идентични 6-4.
Алкарас во големото финале ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети.