Дуел на титаните: Ѓоковиќ ќе покаже зошто е најдобар на сите времиња, или Алкарас ќе го прати Србинот во „пензија“!?

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас попладнево ќе се појават на Централниот терен на Вимблдон во борба за можеби највредниот трофеј во тенисот, вимблдонскиот. Гренд слем турнирот во Лондон го има приматот на неофицијално светско тениско прврнство, па токму затоа и тој пехар е посебно вреден.

Ова финале ќе биде реприза од ланското. И пред една година, овие двајца тенисери играа во финалето, а тогаш по голема борба и драма која траеше речиси пет часа, победи помладиот, Алакарас со 3:2 во сетови.

Алкарас е момчето кое има само 21 година и се наметнува како играч кој ќе доминира во следниот период. Досега освои три гренд слем трофеи, по еден на Вимблдон, СД опен и Ролан Гарос.

Од друга страна, Ѓоковиќ е најтрофејниот гренд слем играч на сите времиња со дури 24 пехари. Од тие 24 трофеи, дури седум му се на Вимблдон, каде денеска ќе го игра 10-тото финале. Пред финалето, Ѓоковиќ упати видео порака преку своите социјални мрежи.

Ѓоковиќ и Алакарас досега имаат одиграно шест пати и билансот е израмнет. Двајцата тенисери се радувале по три пати, а интересно е дека само еднаш мечот завршил со „чиста победа“ и тоа на пресметката од завршниот мастерс во Торино кога Ноле победил со 2:0. На сите останати дуели, двајцата тенисери освојувале барем по еден сет.

Ако се соберат вкупниот број на освоени сетови во меѓусебните дуели, Ѓоковиќ води со 11:9, но сепак формата во 2024 година е на страна на Алкарас кој освојуваше трофеи меѓу кои и тој на Ролан Гарос, додека Новак како ретко кога до овој период во годината нема освоено ниту еден трофеј во 2024 година.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести