Полноќниот експрес мина низ првата добитна станица со коефициент 22

Полноќниот експрес на Спорт Манија направи сефте со добитен тикет на којшто прогнозиравме дека пет кошаркари ќе ја минат границата на поени што ја понуди обложувалницата Sport Life за ноќешната програма во НБА-лигата.

Ако го одигравте тикетот, ви ја помножи уплатата за 22 пати бидејќи заедно Кемба Вокер, Тре Јанг, Бредли Бил, Деанџело Расел и Донован Мичел со ефикасна игра ни овозможија да ви понудиме добитна комбинација.

Почетокот беше одличен. Извонредниот бек на Шарлот хорнетс, Кемба Вокер, ја мина предвидената граница од 26,5 поени уште на полувремето на дуелот со Хјустон рокитс. Еден од најдобрите бекови-шутери во НБА-лигата само за 24 минути игра постигна 27 поени, а мечот го заврши вкупно со 35 поени.

Полноќниот експрес продолжи да вози кон сигурна добивка, а следната станица беше во Атланта.

И тука немавме проблеми бидејќи Тре Јанг, бекот на Хоукс, лесно стигна до 20 поени по првиот дел. Му фалеше само уште еден поен во второто полувреме за втор погоден кошаркар во нашето типување.

Атланта ја победи Минесота со 131:122 по продолженија, Јанг постигна неверојатни 36 поени, далеку над предвидената граница од 20,5 поени поставена во додатокот за НБА-лигата во обложувалниците на Sport Life.

Во исто време, од 01.30 минути по полноќ се играше и мечот меѓу Бруклин нетс и Вашингтон визардс. Тука имавме тандем бекови од двете екипи со тип плус кошеви.

Бредли Бил постигна 31 поен во победата на Визардс од 125:116, а беа потребни 27, додека на спротивната страна и Деанџело Расел успешно ја надмина границата од 24,5 поени и уфрли 28 за Бруклин.

За добитна петка ни остана уште Донован Мичел, исклучително атрактивниот бек на Јута џез. Границата беше повеќе од 25,5 поени, а Мичел успеа уште на почетокот на последната четвртина да уфрли 26. Крајот на мечот го дочека со победничка насмевка и вкупно 32 поени во триумфот против Лос Анџелес клиперс од 111:105.

Полноќниот експрес е редовна содржина на Спорт Манија, а веќе денеска околу 19.30 часот очекувајте нѐ со нови пет предлог-типови и анализа на натпреварите од НБА и НХЛ-лигата, вклучително и со прогноза на индивидуални тотали на кошаркарите во најсилната баскет лига на светот.

 

- Оглас -

Најнови вести