Жена ќе го наследи Саутгејт како селектор на Англија?

Герет Саутгејт поднесе оставка на местото селектор на англиската репрезентација откако вторпат по ред изгуби во финалето на Европското првенство. Во британските медиуми веќе се шпекулира за можните наследници на Саутгејт, а меѓу кандидатите се појави и името на една жена.

Влијателникот TalkSport тврди дека Сарина Вигман, селекторката на женската репрезентација на Англија, е сериозна кандидатка да го наследи Саутгејт.

Вигман е Холанѓанка која од 2021 година ја води Англија, откако претходно пет години беше селекторка на својата земја.

Со Англија, Вигман минатата година беше втора на Светското првенство, зад Шпанија.

Една година претходно го освои Европското првенство, а ФИФА четирипати ја прогласи за најдобар тренер во женска конкуренција во светот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести