Македонски репрезентативец е херојот на Борац БЛ во елиминацијата на албанскиот шампион

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски е херојот на Борац Бања Лука во елиминацијата на Егнатија во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Двобојот на шампионите на Босна и Херцеговина и Албанија беше тензичен уште на првиот натпревар во Бања Лука, а тензиите продолжија и синоќа во Елбасан, кога мечот беше прекинуван поради навредливо скандирање на навивачите.

Борац имаше предност од 1-0 од првиот меч, но Егнатија успеа да ја надополни негативата и да победи со 2-1. Истиот резултат остана и по продолженијата, па се премина кон изведување на пеналите. Таму вистински херој беше Шишковски, кој успеа да одбрани „двоен“ пенал во третата серија на Реги Лушкја. Нашиот голман го одбрани пеналот, но тој беше повторен, но Шишковски повторно успеа да одбрани, што значеше и пласман во второто коло од квалификациите за Борац од Бања Лука.

Следен противник на Борац во Лигата на шампионите ќе биде грчкиот ПАОК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести