И по Ибра, Ибра во Милан

Максимилијан Ибрахимовиќ, син на легендарниот голгетер Златан Ибрахимовиќ, го потпиша својот прв професионален фудбалски договор. Талентираниот 17-годишен Ибрахимовиќ потпиша договор со Милан, и тоа до 2027 година.

Максимилијан ќе биде дел од младинскиот тим на Росонерите и ќе игра во Серија Ц. Минатата сезона во тимот за играчи до 18 години, тинејџерот постигна три гола во 29 меча.

Легендарниот Златан, кој ја заврши кариерата во дресот на Милан, остана меѓу Росонерите, каде што е советник во клубот. Освен Максимилијан, дел од Црвено-црното семејство е и помладиот син на Златан, Винсент, кој игра во младинските категории.

- Оглас -

Најнови вести