Браво за децата од Кавадарци: на летување се собраа групно да навиваат за Тиквеш!

Тиквеш води голема битка со исландски Брејдаблик за место во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Кавадарчани го добија првиот меч дома со 3-2, откако направија пресврт по 0-2, а вечерва на Исланд, Тиквеш поведе во деветтата минута, но домашните во средина на второто полувреме водат со 2-1 и ако вака заврши мечот, ќе се играат продолженија.

Интересот за мечот е голем во Кавадарци, без разлика дали се млади, повозрасни, машки или женски, на сите срцата им чукаат за Тиквеш и пласман во следната рунда. Група основци кои заедно се на одмор се собраа за да го гледаат натпреварот на интернет-стрим и навиваат за Тиквеш.

„Дури 130 ученици од О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов’’ Кавадарци, кои се на летување во детското одмаралиште Михајлово, го бодрат нашиот тим и навиваат за победа на Тиквеш. СИТЕ СМЕ ЗА ТИКВЕШ“, објави на „Фејсбук“, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести