Неверојатно: Њукасл купи играч од Јединство Уб!

Српскиот фудбалер Миодраг Пиваш (19) официјално е нов играч на Њукасл. Овој фудбалер кој игра како стопер и дефанзивен играч за врска, во Чавките дојде од Јединство Уб.

Во минатата сезона Пиваш одигра 18 натпревари за Јединство, клуб кој беше второлигаш, а сега е нов српски суперлигаш.

„Апсолутно е неверојатно што му се приклучив на толку голем клуб. Младите играчи се развиваат многу добро овде и јас би го сакал истото, да напредувам и да стигнам до првиот тим на Њукасл“, изјави Пиваш кој е првиот Србин во Њукасл после Александар Митровиќ кој три сезони го носеше црно-белиот дрес.

 

- Оглас -

Најнови вести