Пет натпревари на кои се очекува ефикасен фудбал се дел од Квотите на денот на Sport Life. Голови се очекува на дуелите од Швајцарија, Чешка, Словенија, Данска и Норвешка. Квотите се движат помеѓу 1.95 и 2.35, додека петте предлози искомбинирани на еден тикет прават квота од 42.4.
Јаннг бојс е фаворит на домашен терен против Сион, па доколку победи во меч на кој ќе има голови и во првото и во второто полувреме, понудената квота од 2.05 ќе биде добитна.
Во Чешка се очекуваат голови од екипата на Славија Прага. Квотата од 1.95 ќе биде добитна само ако гостите постигнат најмалку еден гол во првото и барем два на целиот меч против Словачко.
Екипата на Марибор е фаворит во дуелот против Домжале, па доколку постигне помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата од 2.15 ќе биде добитна.
Брондби како благ фаворит патува на гостувањето кај Виборг, па доколку успее да остане непоразен во меч на кој ќе постигне и два гола, квотата од 2.10 ќе биде добитна.
Најголемата квота во понудата, 2.35, е за мечот од првенството на Норвешка помеѓу Розенборг и Лилестром. За да биде добитна потребно е во првото полувреме да има најмалку еден гол, а во второто барем два.