Тимот Патум јунајтед кој минатата сезона ја заврши на четврто место во тајландското првенство, попладнево ја совлада Борусија Дортмунд со неверојатни 4-0.
Финалистот на Лигата на шампионите, не беше комплетен, но секако не смееше да си дозволи ваков дебакл и расипување на имиџот кој го имаат. Новиот тренер, Нури Шахин, на располагање имаше ѕвезди како Адејеми, Алер, Суле, Бранд, Рајерсон, Мукоко, но се посрамотија.
Дека не им беше денот, покажува и утката на Адејеми при 1-0 за Патум. Погледнете каква шанса не искористи крилниот напаѓач на Борусија:
😱Adeyemi a but le vide et arrive à la mettre à côté ! Le câble HDMI n’est pas branché @67_franck 😂 #bvb #BGPUBVB pic.twitter.com/wzDp9xHxIY
— Dortmund France (@FranceBvb) July 21, 2024