Реднап: Барате нов англиски селектор? Погледнете кон Лампард и Џерард

Хари Реднап, едно од легендарните имиња во менаџерската професија во последните неколку децении во англискиот фудбал, даде интересен предлог за нов селектор на националниот тим. Герет Саутгејт поднесе оставка по загубеното второ последовоно финале на Европско првенство и сега ФА на Англија е во процес на барање негов наследник.


Реднап смета дека челниците треба да се насочат кон еден од двајцата поранешни репрезентативци, Стивен Џерард и Френк Лампард.

„Се сомневам дека многу луѓе би се согласиле со мене кога велам дека од ФА не треба да гледаат многу далеку и да се одлучат за некој како Стивен Џерард или Френк Лампард за селектор на националниот тим. Секој од нив може да ја заврши оваа работа, но претпоставувам дека ниту еден нема да го добие повикот. Нема сомнение дека Греам Потер или Еди Хау се побезбеден избор. Еди се претставува многу стабилно. Токму како што беше Герет пред осум години, што му ја донесе и оваа шанса. Но, ако од ФА сакаат некој кој е полн со фудбалско знаење, но и со искуство на меѓународно ниво, кој ја познава ситуацијата одвнатре, тогаш тоа се Френк и Стиви. Играчите исто така би ги сакале и почитувале, пишува Реднап во својата редовна колумна за британскиот весник „Сан“.

Стивен Џерард во моментов е на клупата на саудискиот клуб Ал-Етифак.
Френк Лампард, кој е внук на Реднап, во моментот е невработен.

За фаворити за селекторската позиција се сметаат Еди Хау, кој е во Њукасл, Греам Потер, кој во моментов нема клуб, Јирген Клоп, кој објави дека сака да си земе пауза од фудбалот, како и Маурисио Почетино, кој е слободен агент по заминувањето од Челси на крајот од претходната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести