Астон вила плати 50 милиони фунти за Амаду Онана

Евертон ѝ го продаде белгискиот играч за врска Амаду Онана, на Астон Вила, соопштија од клубот.


Онана беше стартер во селекцијата Белгија на завршеното Европско првенство во фудбал, а пред неколку месеци беше трансферна цел на Арсенал. Сепак, до неговиот потпис успеа да дојде Астон вила.


Тимот од Бирмнингам плати 50 милиони фунти за Белгиецот, што го прави еден од најскапите трансфери досега во летниот трансферен прозорец.

Играчот за врска му се приклучи на Евертон од Лил во август 2022 година. Тој одигра 75 натпревари за тимот, постигнувајќи пет гола.

Освен во Франција, тој има играно и за германските клубови Хамбургер и Хофенхајм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести