Интернационалниот олимписки комитет на игрите во Париз, слично како и на оние претходните во Токио, го одобри користењето на антисекс креветите, кои се изработени од картон. Целта на ваквите кревети беше да се спречи блискоста помеѓу спортистите на Олимпијадата во Токио во време на пандемијата со ковид-19.
Сепак, таа пракса ќе продолжи и на Олимпијадата во Париз, а две австралиски тенисерки, Дарие Савил и Елен Перес, ја тестираа издржливоста на антисекс креветите, а видеото го споделија на социјалните мрежи. Заклучокот е едноставен: Креветите се издржливи!