Ќе има голови во Грција и во Бугарија, Струга ТЛ нема да загуби

6727 ПАОК – Борац Бања Лука (19.30 часот)
Грчкиот тим е голем фаворит на овој меч и нема сомнеж дека ќе успее да победи. Очекувањата се дека ќе има многу голови, и тоа во мрежата на гостите. За Борац Бања Лука брани македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и јасно е дека вечерва ќе има многу работа.
Предлог тип: 1 & 4+ (2.03)

6048 Струга Трим Лум – Пјуник (17.00 часот)
Македонскиот првак Струга ТЛ е пред нов предизвик, овојпат во Конференциската лига. Противник на тимот на Ќатип Османи е ерменски Пјуник, кој сигурно ќе игра со затворена варијанта. Струга ТЛ нема да сака да загуби, а на жештината во Охрид од 17 часот не се очекуваат повеќе од три гола.
Предлог тип: 1X & 0-3 (1.79)

6703 Динамо Батуми – Дечич (19.00 часот)
Црногорскиот претставник Дечич одигра многу слабо на гости против ТНС во квалификациите за ЛШ и загуби со 3-0. Од друга страна, Динамо Батуми во Грузија игра навистина добро, го победи и Лудогорец со 1-0 иако потоа беше елиминиран во реваншот. Очекувањата се дека Динамо Батуми ќе победи и на полувреме и на крај на овој меч.
Предлог тип: 1-1 (2.04)

6704 АЕК – Интер д’ Есалдес (20.00 часот)
Грчкиот тим АЕК сериозно се засили во овој летен преоден рок, пред неколку дена го доведе и аргентинскиот интернационалец Ерик Ламела, а противникот доаѓа од Андора. Разликата е јасна, и на овој меч се очекуваат многу голови во мрежата на гостите.
Предлог тип: 4+ (1.59)

6728 Лудогорец – Динамо Минск (20.00 часот)
Бугарскиот првак Лудогорец има одличен состав и оваа сезона, со неколку интернационалци во навалната линија. Во минатото коло го победија Динамо Батуми со 3-1 на домашен терен и се пласираа во следната рунда, а Динамо Минск е тим на слично ниво. Се очекува триумф на Лудогорец и залиха од два-три гола пред реваншот во Белорусија.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.92)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести