Мурињо: „Кога јас правам работи како Џеко, секогаш добивам црвен картон“

Жозе Мурињо и Фенербахче со победа од 4-3 на гостински терен против Лугано го започнаа настапот во квалификациите за Лигата на шампионите. Турците сега се блиску до пласман во третото коло, а најзаслужен за тоа е Един Џеко, кој со хет-трик беше предводникот на Фенербахче.

„Един одигра многу добар натпревар. Да дадеш три гола на било кој натпревар е фантастична работа. Тој човек не старее. Ме потсетува на мене кога бев млад. Многу зборува, премногу се жали. Имаа емоции како на млад и среќен е, но кога јас правев такви работи секогаш добивав црвен картон.“ – вели Мурињо.

Коментар за „специјалниот“ има и Един Џеко, но и критики за лошиот терен во Швацарија.

„Мурињо е голем карактер. Забавен е кога се шегува, но кога ќе се налути, тогаш навистина е лут. Недозволиво е да се игра на ваков терен. Не се снајдовме најдобро и примивме рано гол. Да примиш три гола е премногу, но мислам дека имаме добар резултат.“ – вели Един Џеко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести