Хамес Родригес се враќа во Европа? Пет екипи тргнаа по неговиот потпис

Најдобриот фудбалер на неодамна завршената Копа Америка, Хамес Родригес, после пауза од една година се враќа во Европа. Колумбиецот спогодбено го раскина договорот со бразислки Сао Пауло, а одличните игри на Копа Америка ги натераа екипите од Европа да застанат во редот за неговиот потпис.

Пет екипи се заинтересирани за потписот на Хамес Родригес, кој го добиваат како слободен фудбалер и без обесштетување, но се чини дека во пол-позиција е екипата на Селта Виго, која од клупата е предводена од легендарниот Рафа Бенитес.

Интерес има и од Бетис, но и од Наполи, Болоња и Олимпик Марсеј, но се чини изборот на 33-годишниот фудбалер ќе биде екипата предводена од Бенитез.

Хамес Родригес кога потпиша за Реал Мадрид вредеше 80 милиони евра, но неговата вредност во моментов е само пет милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести