Паника пред почетокот на ЛОИ: Пронајден сомнителен пакет во близина на стадионот!

Непосредно пред стартот на Олимписките игри во Париз се случува и првата драматична ситуација. Како што објави германски „Билд“, дел од Париз, во близина на стадионот „Паркот на принцовите“ е блокиран поради сомнеж дека има експлозивна направа.

На потегот меѓу објектите на Ролан Гарос и „Паркот на принцовите“ е пронајдена сомнителна торба. Околните улици се затворени, а полиција има на секој чекор. Дури ни жителите кои се од тој дел на Париз, не смеат да се движат таму.

Сообраќајот, вклучувајќи ги и олимписките автобуси се во прекин. Под најголема опасност на овие ЛОИ се членовите на израелската делегација. Дел од израелските спортисти добивале и смртни закани преку своите приватни електронски пошти.

Тоа што се знае е дека на Игрите во Париз за безбедноста се потрошени двојно повеќе средства отколку што тоа беше пред три години на Игрите во Токио.

 

- Оглас -

Најнови вести