Банален пенал: Со рака ја турна топката која беше сигурна во голманот на неговата екипа (Видео)

Грчкиот ПАОК со 3:2 славеше над Борац Бања Лука во првиот меч од квалификациите во Лигата на шампиони, а средбата ја одбележа и еден банален момент. Дефанзивецот на ПАОК, Стефан Шваб несмасно реагираше кога трчајќи директно со рацете ја удри топката која беше во голмански посед на неговата екипа.

Едноставно немаше никаква опасност за ПАОК, но несмасниот потег на Шваб донесе пенал за Борац, а погоди некогашниот играч на Работнички Себастијан Ерера од Колумбија погоди за 1:1.

До кајот на дуелот ПАОК сепак стигна до победа и тоа од 3:2. Во тимот на Борац Бања Лука брани македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести